fbpx
Поврзи се со нас

Спорт

Убедлива победа на ЖКК Гостивар, совладана екипата на Пантери (70-44)

Објавено

на

    Девојките на Женскиот кошаркарски клуб Гостивар, запишаа нова победа во 6.коло од Првата лига – Жени, односно во четвртиот натпревар за нив сезонава. Во Спортската сала Младост ја совладаа екипата на ЖКК Пантери со резултат 70-44.

    Одличната игра на ЖКК Гостивар во нападот беше пресудна на денешниот заостанат натпревар, запишувајќи ја втората победа сезонава. Фросина Петреска беше најрасположена кај гостиварки, постигна 20 поени и 6 блокади. Стојаноска запиша 10, Бадиоска 9, Димитриеска и Алексоска постигнаа по 6, Брајкоска 5, Божиноска 4, Ејупи, Димитриеска, Лазареска Ѓорѓиеска и Каранфилоска по 2 поени.

    Мичина од Пантери беше најефикасна на натпреварот запишувајќи 36 поени.

    Поради ковид пандемијата и големиот број на одложени дуели од првиот дел на сезоната, заостанатите натпревари се играат во нешто згуснат распоред. Веќе утре гостиварки гостуваат во Скопје, кај екипата на Работнички.

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    АНКЕТА

    Дали ќе одите на летен одмор?

    Вработувања Полог:

    Advertisement
    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена

    error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!