Поврзи се со нас

Гостивар

„Убиство во Тетово“ , истражувачки документарен филм на ИРЛ за пожарот во модуларната болница

Објавено

на

    Истражувачка репортерска лабораторија најави дека на 13 август, недела ќе го објави истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“ за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година, во кој живи изгореа 14 лица. Документарецот ќе се емитува на првиот канал на Македонската радио-телевизија и на јутјуб-каналот на ИРЛ, со почеток во 20:15 часот.

    Истражувањето „Убиство во Тетово“ е истрага за една од најголемите несреќи во историјата на државата со масовен број жртви. Од ИРЛ наведуваат дека нивнире репортери повеќе од 7 месеци работеа во Скопје и во Тетово и ги собираа и ги анализираа податоците и документите добиени за овој случај.

    „Сите несреќи од катастрофални размери што се случуваат во Македонија имаат една заедничка карактеристика, која била дел од клучните настани што довеле до катастрофата, сите се случиле поради запоставување на обврските на оние на кои како заедница сме им дале полна доверба да управуваат со нас и со заедничките добра“, вели одговорниот уредник и продуцент на ИРЛ Сашка Цветковска, нагласувајќи дека ова истражување е посветено на непотребни човечки загуби во Македонија, кои се случиле и кои продолжуваат да се случуваат поради тоа што правосудниот систем не покажа одговорност кон жртвите.

     

    ИРЛ посочува дека ова е една од ретките епизоди за која притисоците и јавните напади кон новинарите од ИРЛ започнале уште во раните фази на истражувањето. “Обиди за попречување на истражувањето за модуларната болница, освен припадници на бизнис-заедницата, вршеа и одредени судски и извршни институции. Се криеја документи и информации од јавен карактер, за кои ИРЛ беше принудена да поведе жалбени постапки пред надлежните институции.“, велат од Истражувачка лабораторија.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Од утре (четврток) времен режим на ул.„Беличица“, почнуваат работите за реконструкција

    Гостиварпред 4 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 7 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 9 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 22 часа

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 23 часа

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 1 ден

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена