Поврзи се со нас

Македонија

Учебната година почнува утре и ќе трае до 17 јуни, за прв пат со пролетен распуст

Објавено

на

Учебната година ќе почне утре и ќе трае до 17 јуни 2024. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им посака успеси на учениците и наставниците и ги соопшти новините пред утрешниот почеток на 2023/2024 година.

Како што известуваше во претходните денови, ќе доцнат само учебниците за шесто одделение и тие ќе се распределуваат во училиштата штом бидат одобрени и се очекува да стигнат до крајот на септември. Учебниците за трето одделение, за кои како и за шесто годинава се прават нови учебници согласно новите наставни програми, се одобрени и се печатат така што во првата недела од септември учениците ќе ги добијат.

-Учебниците за трето одделение се одобрени и во тек е постапката за печатење и доставување. За сите предмети се одобрени и се во фаза на техничко-графичко регулирање и во печатење. Така што денеска, утре, на почетокот на неделата, тековно ќе се доставуваат. Истото ќе се случи и со учебниците за шесто, кои се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија за учебници. Потоа може да има жалбена постапка од одредени автори, но до крајот на септември тие ќе бидат доставени до сите ученици, рече Шаќири на прес-конференција по повод новата учебна година.

Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали кои ги изработи Бирото за развој за образование (БРО) за трето и шесто одделение наменети и за учениците и за наставниците и достапни во електронска форма на веб-страницата на Бирото.

На новинарско прашање дали чувствува одговорност за доцнењето на учебниците, Шаќири одговори дека тој како министер ја има завршено целата постапка на крајот на јули, кога е донесена одлуката за економски оператор за печатење, и дека не учествувал во постапките на Националната комисија за учебници, Педагошката служба и во мислењето на рецензентите.

-Не можам да има одговорност за постапките кои не зависат од министерот за образование и наука. МОН веднаш кога добива одлука за печатење на учебник, тоа се завршува максимум како што е во законските рокови, додаде Шаќири.

Во однос на спојувањето предмети, тој е дециден дека нема да биде загрозен фондот на часови на наставниците.

-Во шесто одделение, и од старата програма и од претходните учебни години, предметот Природни науки беше спојуван  и тука немавме дискусија. Дискусијата, со новата концепција, се отвори по предметот Општествени науки, каде имаме спојување на предметите Историја, Географија, Граѓанско образование. Тоа се однесува само за шесто одделение. Поради реакциите јас побарав од Бирото за развој на образование да се подготви техничко решение за годишен фонд на часови на наставниците по Географија, затоа што во годишниот фонд не се само часовите во шесто, туку и седмо, осмо, деветто одделение каде што имаат Географија. Тој е ист како и претходната учебна година што значи дека ќе нема проблем со фондот на часови, одговори  Шаќири.

Додаде дека БРО има упатство како треба да се организираат распоредите и дека некои училишта тоа го завршиле, некои се уште не. Повика да се разгледаат наставните програми и предвидените изборни предмети и раководствата да не одлучуваат според потребите на наставниот кадар, туку според анкетите на учениците и родителите.

-Отворен сум ако има проблеми за седмо, осмо, каде дискусијата е попроблематична од шесто одделение, да се достави до МОН предлог за можни решенија – дали да се вратиме по старата Кембриџ-концепција или да продолжиме со решенијата од новата концепција, додаде Шаќири.

Основците и средношколците првпат во оваа учебна година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 5 мај. Шаќири на прес-конференцијата ја спомна и новината за примена на нов е-дневник изготвен со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови. Тој е во фаза на тестирање и паралелно се прават и обуки на администрација во 40 училишта во кои ќе се примени како пилот-проект додека се потврди неговата функционалност.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 12 часа

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 13 часа

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Македонијапред 15 часа

Ангелов: На територијата на НП „Маврово“ има 160 до 180 мечки, а според одредени норми треба да се 70

Гостиварпред 17 часа

Жени претприемачки од Гостивар се едуцираа за креирање бизнис идеи и иновации

Гостиварпред 18 часа

48 годишник задржан во ПС Гостивар поради напад врз партнерката

Македонијапред 18 часа

Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми

Гостиварпред 20 часа

Жител на Врапчиште пријавил соселанец за напад со остар предмет

Гостиварпред 21 час

Во Општина Гостивар 69 нови вработувања во 2024-та година, Советот го усвои планот

Спортпред 22 часа

Заврши Светското шаховско првенство во Струга, петто место за „Македонија Алкалоид“

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена