Македонија
Учебникот по историја за петто одделение повлечен поради грешки во содржината

Учебникот по Историја и општество за петто одделение е повлечен од употреба поради грешки во содржината. Министерството за образование и наука објави повик за формирање авторски тим за изработка на нов учебник и заинтересираните автори може да се пријават до 5 јуни.
Поради грешките во учебникот, кои беа увидени во декември, само неколку дена откако учениците го добија, реагираше Здружението на историчарите и јавноста, а МОН на крајот на минатата година информираше дека комисија ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.
Министерството за образование и наука тогаш побара од Националната комисија за учебници, како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, информации за постапката за одобрување на конкретниот учебник во кој, како што наведе МОН, „констатирани се низа грешки и нелогичности кои не смееја да се дозволат“.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!