Култура
Ученици од Гостивар изработија новинарска статија на тема „Зошто младите не читаат книги/лектири?“
Деветтоодделенци од гостиварското училиште „Гоце Делчев“ под менторство на наставничката по македонски јазик Ефимија Групчева изработија новинарска статија на тема младите и читачките навики, потенцирајќи го значењето и бенефитите од дружењето со книгата и укажувајќи на проблемот дека младите ги претпочитаат социјалните мрежи пред читањето книги/лектири.
Gostivarpress.mk во продолжение ја објавува статијата, чии автори се учениците: Ѓулфидан Рамадани, Андреја Димитријеска и Димитар Срезоски.
ЗОШТО МЛАДИ НЕ ЧИТААТ КНИГИ/ЛЕКТИРИ?
Читањето на книгите е најголемото богатство
Низ историјата, читањето книги им служела на луѓето како носители на знаења и искуство. Книгите се сведоци на историјата и целокупното постоење на човекот и преку нив се пренесува низ континенти и векови.
Навлегувањето длабоко во читањето на книги во текот на целиот живот, духовно го збогатува човекот. Човек кој посветил доволно време на читање книги,можеме да го приметиме и во најкраток разговор, тој се издвојува во однос на неговото изразување, раскажување и размислување. Според спроведени истражувања, млада личност која чита книга брзо се развива како личност и неговиот начи на изразување. Младите кои од детството читаат книги имаат поголема дисциплина и нивниот пристап на случувањата е посвесен и промислен. Чинот на читање е активност која работи на големиот дел од мозокот и тоа е вежба која го усовршува знаењето и интелегенцијата. Во поширока смисла на зборот читањето е постојан процес во текот на целиот живот и никогаш не излегува од мода. Многу важно е секој млад човек да почне да чита книга од неговите најрани години со тоа ќе може да го спознае доброто од злото, моралното од неморалното. Секое силно општество има светла иднина со млади кои посветуваат повеќе време на читање книги.
Но, денес во 21 век за жал не така. Живееме во модерна технологија и дигитален свет каде младите се поретко се одлучуваат да читаат книги. Младите забораваат како е чувството да се земе книга во рацете. Брзиот живот делува на денешните генерации така да не водат грижа за своето ментално и психичко здравје, не се занимаваат со својот напредок. Повеќе од младите имаат мислење, дека читањето е потполно губење време, здодевно и непотребно. Напротив, тоа е најбитно во развојот на личноста, се зголемува фондот на зборови, но и начинот на изразување на своите чувства и мисли.
Ние како ученици од 9 одделение спроведовме истражување зошто младите се помалку посветуваат време на читање книги. Ние на терен наидовме на следниве причини:
ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
- Во градската библиотека ни кажаа дека се помал е бројот на членови кои се зачленети за читање книги речиси за 40 % се намалил бројот од претходните години.
- IX4-Прв ученик -Јас мислам дека лектирите се читаат се помалку затоа што децата се заразени со технологијата а и родителите не одвојуваат доволновреме на својте деца и мислам дека децата треба да одвојат време да читаат лектири
- IX2-Прв Ученик-Јас мислам дека децата се помалку читаат лектири затоа што во нив нема современи настани
- IX1-Прв Ученик-Затоа што децата се презанесени со интернетот и не сакаат да читаат
- IX3-Прв Ученик-затоа што децата поголем дел од времето го поминуваат на телефон и затоа што мислам дека се досадни
- VIII1-Прв Ученик-Јас мислам дека не ги читаат лектирите затоа што се досадни и децата се мрзливи
- VIII2-Прв Ученик-Моето мислење е дека понекогаш содржината на лектирата е досадна, а ние мора да ја читаме
- VIII3-Прв Ученик-Затоа што децата се мрзливи и не сакаат да читаат, туку да се забавуваат
- VIII4-Прв Ученик-Јас мислам дека децата се оптоварени со социалните мрежи и помалку се посветени на книгите.
OOУ МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК
- Прв Ученик-Моето мислење за не читањето лектири е затоа што децата сакаат да седат на социјални мрежи
- Втор Ученик-Јас не читам лектири затоа што во моето слободно време преферирам правење нешто друго од лежење и читање
- Трет Ученик-Намалено образование и намален интерес за училиштата и децата повеќе сакаат да седат на телефони од колку да читаат
- Професорка Горица Војноска – Се читаат се помалку поради што ги има лектирите раскажно на интернет и половина од децата не сакаат да читаат
Според резултатите од нашите истражување повеќето од учениците(средношколци и основци) читањето книги го сфаќаат како најдосадна активност и дека најмногу се заинтересирани за социјалните медиуми, компјутерските игри. Можеме да видиме, дека младите имаат сериозен недостаток за интерес и мотивација за читање книги.
Ова најитно треба да се промени, доколку сакаме да имаме светла иднина со стабилна младина! Овие се неколку предлози кои мора да се преземат за младите да стекнат навика за читање книги.
- Напорот на семејство во читање на книги е многу важен. Уште од мали нозе, кога не сме свесни за важноста на ниту едно значајно прашање во нашиот живот, родителите се тие кои не учат колку е битно да се биде писмен и начитан. Родителите да ги насочат младите да ја стекнат ова навика како секојдневие.Одредување на дневни часови за читање со нивните деца, тие ќе го видат чудесниот ефект на заедничкото дејствување врз детето.
- Училиштата и наставниците/професори да спорведат најразлични натпревари преку кои ќе се даде важност на пишаниот збор во книгите. Најголем акцент да дадат на книгите и учениците кој читаат книги. Да спроведат најразно разни активности за лектирите кои ги образуваат, да ги раскжуваат и да ги објаснуваат, да дадат нивни ставови во врска со она што го прочитале во нив.
- Дополнително треба да се основаат или развијат поживописни библиотеки со повеќе избори, а на различни видови книги да им се даде доволно простор.
- Читањето на истаражувачките и научните книги, особено во младоста ќе ја зголеми желбата на младите чии умови и срца се немирни за стекнување знање и учење и сериозно ќе се зголеми нивната мотивација.
- Воспитувачот кој постојано чита и кој има принцип на доживотно учење и го споделува наученото со своите ученици, им укажува за добротворот кој го добиваат од секојдневото читање книги е одличен пример за неговите ученици. Да им укажат колку е важно да се чита книги, бидејќи тие се побогати со знаење и поуспешни во општеството.
- Воспитувачот исти така треба да има добро познавање на литература за да може да им препорача соодветни книги на учениците.
Нашиот заклучок во однос на читањето книги/ лектири
Читањето на книги е непходност. Тоа е напредок и гледање кон иднината со надеж и развој во однос на живеењето, учењето и саморазвојот на личноста и збогатувањето на вокабуларот. Секој млад мора да стекне навика во читањето книги/лектири, само така ќе може да се издвојува од средината во позитивна смисла и ќе сакаме постојано да се надградуваме.
Читањето е незаменлив дел од животот не само на нашата младост, туку секој човек да биде реализиран треба секојдневно да чита книга. Ако нешто човештвото го движи напред со светлосни години, тоа несомнено е едукација, читање и работење.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија