Гостивар
Ученици од Гостивар ќе творат на тема „Не навредувај, различности почитувај“
Секторот за внатрешни работи Тетово утре (11 мај) ја почнува завршната фаза на превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превенција, а со кој преку посебни предавања досега вкупно беа опфатени над 3000 средношколци од прва година од Полошкиот регион. Во рамки на овие активности на педесетина ученици и нивните ментори ќе им бидат дистрибуирани сликарски материјали, со кои тие дома ќе изработуваат уметнички творби на тема „Не навредувај, различности почитувај“.
Делата, кои ќе бидат изработени со овие материјали кон крајот на месецот, ќе бидат изложени во Тетово и Гостивар, со порака да му се застане на патот на говорот на омраза кој, за жал, е присутен, најмногу на социјалните медиуми и во што најчесто се инволвирани ученици од средношколска возраст, велат од СВР.
Целта на проектот е и да се упати порака да се почитуваат различните мислења, припадности и ориентација, со цел да се поттикнат вистинските вредности и критериуми меѓу младите и да се намалат насилни и други постапки, како последица на претходно искажан и споделен говор на омраза.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар