Поврзи се со нас

Гостивар

Учениците и менторот кои беа во Турција при земјотресот се вратија во Македонија

Објавено

на

Деветтемина македонски државјани кои беа затекнати во Турција за време на земјотресот утрово се вратија во земјава. Министерството за надворешни работи информира дека тие се во добра здравствена состојба.

Се работи за осум ученици од Гостивар, Тетово и Маврово Ростуше и нивниот наставник ментор кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Турција.

Веднаш штом беше идентификувана групата, на лице место во загрозениот регион беше испратен дипломат од амбасадата во Анкара, заедно со дополнително возило, за да асистира во повлекувањето на групата сѐ до упатување кон земјава. По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде беше обезбедено сместување, дополнителна медицинска нега и одмор.

– Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба. Дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, како и СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, се наведува во соопштението од МНР.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена