Поврзи се со нас

Гостивар

Учениците во Гостивар ќе стекнуваат нови вештини и знаење во Ресурсниот центар ICan

Објавено

на

Учениците од гостиварските училишта добиваат можност да се вклучат во современи обуки и тренинзи со кои ќе го надополнуваат знаењето и ќе ги подобруваат вештините за комуникација, организација и слично, во новиот младински ресурсен центар ICan во Гостивар.

Директорите наосновните и средни училиштата денес беа во посета на центарот, каде се организираше презентација на функционирањето и програмите во кои учениците може да се вклучат.

„Една од категориите кои ги опфаќа центарот се ученици до 18 години. За нив нудиме курсеви коишто ги нема во традицоналното образование, а се многу битни во времето во кое живееме, тоа се атрактивни курсеви со модерен пристап, со цел младите да се стекнат со тие меки вештини, кои се потребни за сите струки и активности“, појасни Азир Алиу, од ресурсниот центар.

Презентацијата на можностите на центарот беше иницирана и организирана од општинскиот Сектор за образование.

„Директорите се дојдени за да се информираат за сите можности на центарот, кои потоа ќе им ги пренесат на наставниците, професорите и учениците. Се работи за една новина во нашиот град и затоа сметавме дека е добро да се презентира, учениците да бидат информирани кои можности ги има овој центар“, рече Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование во Гостивар.

ICan е иновациски центар за обуки и едукации кои на младите треба да им помогнат за вработување и самовработување, со фокус на работните места на иднината. Освен за ученици, ресурсниот центар спроведува обуки за млади невработени до 29 години и бизнис секторот во полошко. Центарот беше отворен минатиот месец, а се наоѓа во објектот на некогашниот приватен колеџ.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена