Поврзи се со нас

Вести

Учениците од економско се вратија со корисни искуства и незаборавни спомени од Швајцарија

Објавено

на

 

Група од 16 ученици со своите супервизори од средното економско училиште во Гостивар изминатиот период престојуваа во детското село Песталоци, Троген, Швајцарија во рамки на проект за интеркултурна размена. Младите економисти со големо задоволство раскажуваат за своите искуства, дружењето, стекнатото знаење и прошетките во Швајцарија. Велат дека обуките, работилниците и сите други активности во кои таму биле вклучени ќе им бидат од голема корист.

„Сите заедно станувавме во раните утрински часови и имавме мали активности за загревање. Потоа на курсевите дискутиравме на различни теми:антидискриминација, идентитет, правата на децата и слично. Правевме презентации преку кои ги изложувавме своите идеи и навистина беше многу интересно“, вели ученикот Стефан Ѓорѓиески.

Емилија Данилоска е Дете правобранител во училиштето и таа исто така била дел од интеркултурната размена. „Слободно време во текот на работната недела имавме од 17 до 22 часот. Го поминувавме најчесто во младинскиот клуб кој беше опремен со соба за музика, просторија за ликовна уметност, за релаксација, билијард и слично и ние имавме можност да ги покажеме нашите способности и таленти. Иато така на располагање имавме и целосно опремена спортска сала“, раскажа Емилија.

Престојот во Швајцарија како убаво искуство ќе го паметат и ученичките Мируше Идризи и Леонита Селмани. „Имавме прилика да стекеме нови пријателства и да научиме многу нешта кои понатаму ќе ни бидат од корист и ќе ги пренесуваме на нашите соученици“, вели Мируше.

Ученичката Михаела Михајлоска вели дека приликата да се посети детското село Песталоци во  Швајцарија треба да се искористи: „Разгледавме и многу убави места и знаменитости. Мислам дека секој ученик кој има прилика треба да се пријави да учествува во проектот“.

Средното економско училиште го реализира проектот за детски права четири години по ред. „Целите се да се зајакнат и да се прошират знаењата и вештините на учениците за имплементирање и практикување на своите права во рамките на образованиот систем. Ние успешно ги спроведуваме активностите веќе четири години и многу сме задоволни од постигнатите резултати“, изјави директорката Јованка Огњаноска.

Младите економисти во Швајцарија го претставија Гостивар преку презентација на неговите традиции, мултикултура, карактеристичната храна и природните убавини.

Проектот е поддржан од Министерството за образование, Младинската коалиција СЕГА и Фондацијата Песталоци.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 21 минута

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 1 час

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 2 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 15 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 22 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 23 часа

Изгорени над 400 хектари шума во НП Шар Планина за еден месец

Гостиварпред 24 часа

Дете нападнато од соученици, случајот пријавен во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена