Вести
Училиштата „Гоце Делчев“ и „Единство“ ќе добијат пари за обнова на парното греење

Со одлука на Советот на општина Гостивар, на двете основни училишта во градот, „Единство“ и „Гоце Делчев“, ќе им бидат доделени пари од општинскиот буџет за да ги санираат и обноват системите за централно греење. Согласно одлуката, ОУ „Единство“ ќе добие еден милион и 100 илјади денари, додека ОУ „Гоце Делчев“ 1,5 милиони денари за оваа намена, со што би требало да се надминат проблемите со затоплувањето во школите.
Советот на општина Гостивар, на денешната седница донесе одлуки за доделување финансиски средства и за уште неколку други училишта. Така, гимназијата ќе добие 1,4 милиони денари, за опремување на новата спортска сала со потребните реквизити. За средното техничко ќе се издвојат средства за замена на старите прозорци и врати во висина од 630 илјади денари како и за нови цевки на парното греење, во вредност од 885 илјади денари.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!