Македонија
Училиштата имаат рок до утре да поднесат барање за настава со физичко присуство
Во пресрет на новата учебна година, која поради ковид пандемијата ќе започне на 1 октомври, течат процедурите околу организирањето на наставата. Како што е веќе познато, децата од прво до трето одделение ќе ја следат наставата со физичко присуство во просториите во училиштето, но дадено е право на избор за следење на наставата на далечина, со писмено изјаснување на родителите. Исто така, во сите училишта кои ќе обезбедат услови за безбедно физичко присуство на учениците, наставата ќе може да почне во објектите и за учениците од повисоките одделенија.
За таа цел oпштините и директорите на училиштата кои сметаат дека ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство, треба да достават барање најдоцна до утре (10 септември). Потоа ќе следува период на проверка, дали во тие училишта навистина има услови за враќање на децата во клупите. Барањата ќе ги разгледува и по нив ќе одлучува посебна Комисија.
Наставниот час во основните училишта ќе трае 30 минути а во средните училишта 35 минути. Проверката на знаењата на учениците ќе се врши со физичко присуство на учениците во училиштето.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести