Поврзи се со нас

Вести

„Училиштата останаа без струја затоа што општината не пушта пари за сметки“ – обвинија директори на гостиварски училишта

Објавено

на

Директори на повеќе основни и средни училишта во Гостивар денес на прес конференција се пожалија дека општината не им дала пари за тековно одржување на училишните згради, поради што им била исклучена електричната енергија. Тие потенцираа дека немањето соработка меѓу училиштата и локалната власт носи проблеми кои го кочат нормалното функционирање на образовните установи.

„Денес повеќето училишта останаа без струја, затоа што општината нема пуштено средства за тековно одржување. Непостоењето соработка не е добра работа, затоа што општината е должна да се грижи за нормално одвивање на образовниот процес на ниво на општината. Бараме да се почитуваат законските регулативи за образование и да се тргне политиката на страна“, изјави Агрон Алили, директор на средното медицинско училиште во Гостивар.

Директорот на средното техничко училиште во Гостивар, Ибрахим Асани ја повика општината да престане со опструкции кон училиштата и најави дека за состојбите ќе бидат известени државните органи надлежни за образование.

„За ваквите проблеми кои се настанати во училиштата во Гостивар ќе испратиме известување до Министерството за образование и до Просветниот инспекторат“, рече Асани.

Од општина Гостивар не излегоа со свој став и коментар во врска со посочувањата на директорите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена