Поврзи се со нас

Гостивар

Училиштата во Гостивар имаат потреба од повеќе хигиеничари и бараат ковид тестови за наставниците

Објавено

на

Во училиштата во Гостивар периодов се прават подготовки за почетокот на новата учебна година. Министерството за образование вчера ја објави одлуката дека наставата ќе се одвива онлајн, освен за децата од 1 до 3 одделение, како и во училишта со мал број на ученици, и тоа сепак по избор на родителите.

Надлежните во Гостивар се координираат и ги разгледаат условите. Анкетирањето на родителите и наставниот кадар покажало дека поголем дел од нив се за физичко присуство на децата во училиштата.

Од општинскиот Сектор за образование нагласуваат дека во училиштата се јавила потреба за повеќе хигиеничари поради спроведување на антикорона протоколите. Некои училишта барале и да се обезбеди тест за Ковид за наставниот кадар.

„Секторот за образование е при крај на собирањето податоци и информации од средните и основните училишта, кои потоа ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука, каде што посебен акцент ќе биде ставен на овие потреби и барања од страна на училиштата, како што се: – зголемување на бројот на хигиеничари, – обука на наставниците за одржување на онлјан настава и тестирање за Covid 19 на наставниот кадар. Можеме да заклучиме дека и покрај подготвеноста на училиштата за почеток на учебната година во септември во општина Гостивар, ние сепак ќе ги почитуваме одлуките на Министерството за образование и наука   “, изјави Имерлие Салиу од секторот.

Директорот на ОУ „Единство“ во Гостивар Зијадин Нуредини вели дека во одделенијата имаат помал број на ученици и можат непречено да се организираат за настава во училиштето. „Кај нас од спроведените анкети и родителите и наставниците се изјаснија дека се за настава со физичко присуство. Во одделенијата има до 15 ученици и нема да биде проблем да се држат часови со присуство на децата“, рече Нуредини.

Во ова училиште објектот е целосно дезинфициран, а клупите во училниците се преуредуваат за да се обезбеди поголемо растојание меѓу учениците.

За сега не е прецизирано дали новата учебна година ќе започне на први септември, со оглед дека ќе бидат потребни законски измени за воведување на новините.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 6 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 9 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 10 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 11 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 13 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 14 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 16 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 17 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена