Гостивар
Училиштата во Гостивар подготвени за грејната сезона, велат надлежните

Новата грејна сезона официјално започнува денес (15-ти октомври), а училиштата на територијата на општина Гостивар, според оценката на надлежните, се подготвени да обезбедат топли простории за учениците. Сепак, временските услови за сега се поволни, а греењето ќе се активира кога ќе има потреба.
„Според информациите кои ги добив од Секторот за образование, сите училишта се подготвени за новата грејна сезона и не се очекуваат некои проблеми во тој дел. За сега времето е добро, се надевам дека така и ќе продолжи, а кога ќе има потреба ќе се пушти греење“, рече градоначалникот Ваљбон Лимани.
Како и секоја година, училиштата на почетокот ќе се користат резервите на огрев што ги сочувале од минатата грејна сезона, а понатаму ќе следуваат процедурите за набавка на нови количини.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека очекува сите училишта во земјава да имаат греење. Јаневска рече дека на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог