Гостивар
Училиштата во Гостивар се подготвени за новата грејна сезона
Во пресрет на новата грејна сезона, којашто официјално стартува на 15-ти октомври од Општина Гостивар информираат дека се направени сите подготовки за затоплување на училиштата на гостиварска територија.
„Секогаш на крајот од една грејна сезона оставаме резерви на нафта, за да бидеме подготвени во било кој момент, кога ќе биде потребно да се пушта парното греење. Ги спроведовме и тендерските процедури за набавка на нови количини на нафта и не очекуваме никакви проблеми во тој поглед. Грејната сезона ќе започне навреме и сите училиштата ќе бидат снабдени со потребниот огрев за зимава“, рече раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.
Подговотките се направени, а дали и колку ќе има потреба да се активира греењето во училиштата, од следната недела најмногу ќе зависи од временските услови и дневните температури.
На подрачјето на општина Гостивар има 11 основни централни училишта со 20 подрачни како и четири јавни средни школи. Најголемиот дел од нив се затоплуваат со парно на нафта, додека дрва за огрев користат неколку низ селата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар