Гостивар
Училиштата во Гостивар снабдени со греење, второто полугодие почна без проблеми-оценуваат надлежните

Второто полугодие од учебната 2022/2023-та година, училиштата на гостиварска територија го дочекаа подготвени, снабдени со греење и без многу отсуства на ученици. Ова е оценката од надлежите во Секторот за образование на Општина Гостивар, кои денес одржаа состанок со директорите на основните и средни училишта.
„Имаме редовна средба со директорите за почетокот на второто полугодие, да се информираме како течат работите, дали е се‘ во ред. Во училиштата има греење, снабдени се со огрев доволно до март. Може да оцениме дека се‘ се одвива како што треба, немаме некои пријавени проблеми. Не се забележани ниту позначителни бројки за отсуства на ученици, нормално ги има, но не многу, значи како и секоја година во сезона на вируси“, изјави раководителката на секторот Аслијан Снопче.
Денешната средба беше искористена и за презентација на мултиетнички проект на ОБСЕ, кој е во подготовка и ќе почне да се спроведува од септември. Во негови рамки училиштата имаат можност да добијат грантови до 7.000 евра, а активностите може да ги спроведуваат самостојно или во партнерство со други училишта.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава