Поврзи се со нас

Занимливости

Училиштен округ во САД го враќа ќотекот како мерка

Објавено

на

Училишниот округ Касвил, Мисури, САД, одлучи повторно да го воведе физичкото казнување на учениците. Според новиот правилник, физичката казна – удирањето ќе се применува како последна мерка, пред суспензијата, односно доколку не успеат другите дисциплински мерки.

„Тоа ќе се врши на начин каде нема можност за физичка повреда. Удирањето на ученик по глава или лице не е дозволено, туку само по задникот“, стои во правилникот.

– Казната ќе се користи само на разумен начин и по препорака на директорот, објасни Мерлин Џонсон, началникот на училиштата во Касвил.

Училишниот одбор ја одобри мерката во јуни и ги извести родителите дека ја враќа дисциплинска мерка што областа престана да ја практикува во 2001 година. Инаку, минатогодишно истражување откри дека родителите и старателите побарале дополнителна дисциплинска мерка.

– Некои родители рекоа дека не сакаат учениците да бидат суспендирани. Тие сакаат друга опција, а ова (удирањето, б.п.) ќе се користи како можност пред суспензијата, објасни Џонсон.

Родителите кои сакаат нивните деца да бидат удирани, можат да потпишат формулар во којшто се согласуваат со тоа. Телесното казнување во училишната област ќе се спроведува само од директорот и во присуство на сведоци. Никогаш нема да се спроведе во присуство на други студенти, велат правилата.

Врховниот суд на САД пресуди дека физичкото казнување во училиштата е уставно и остави на надлежните да одлучат дали ќе го спроведуваат тоа. Во мигов, 19 сојузни држави, претежно на југот од земјата, сè уште дозволуваат физичко казнување.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена