Спорт
УЕФА ги пушти во продажба влезниците за Македонија за ЕУРО 2020
Европската куќа на фудбалот, денеска објави дека се пуштени во продажба влезниците за натпреварите на македонската фудбалска репрезентација на претстојното Европско првенство.
Фудбалската федерација на Македонија треба да обезбеди код за сите кои претходно се пријавиле за купување на влезница. Во информацијата од УЕФА се вели дека влезниците за нашите навивачи се пуштени во продажба од 17 мај и ќе се продаваат најдоцна до 26 мај, до 14 часот. Билетите ќе се продаваат по принципот прв дојден, прв услужен.
Најважната информација е поврзана со престојот во Романија, односно Букурешт каде Македонија го започнува настапот, а македонските фанови ќе можат да патуваат со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, при што веќе не важи најавеното правило дека навивачите мора да ја напуштат земјата пред истекот на 72 часа.
Нема информација и за тоа колку влезници ќе добие нашата репрезентација и по која цена ќе се продаваат.
Првиот натпревар на Македонија е на 13 јуни против Австрија во Букурешт, на истиот стадион ќе се пресметаат и со Украина на 17 јуни, а на 21 јуни е дуелот со Холандија во Амстердам.
Сите детали околу купување на влезниците може да се најдат на следниот ЛИНК
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар