Гостивар
Угостители и цвеќари во Гостивар и Тетово пријавиле низа измами со телефонски резервации
Секторот за внатрешни работи Тетово презема интензивни мерки и активности за расчистување на неколкуте пријавени измами деновиве од угостители и продавачи на цвеќе од Тетово, Гостивар и Врапчиште.
Во рамките на овие активности соодветните служби на Секторот веќе располагаат со одредени сознанија околу можните сторители на измамите и апелираат до граѓаните да бидат докрај претпазливи кога телефонски примаат резервации или нарачки на одредени производи и услуги, особено кога станува збор за непознати лица, кои нудат најразлични производи или им ветуваат посредување за некои услуги (вработување, обезбедување документи и слично ).
„Поединци вешто и досетливо, измислуваат најразлични приказни и начини да ги доведат во заблуда и да остварат парична или друга корист, ветувајќи им услуги, огревни дрва, лекарства, возила, поефтини станови и друго.“, соопшти СВР.
Од таму потсетуваат дека измамите претставуваат кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор од 3 до 5, односно 10 години, зависно од големината на причинетата материјална штета.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар