Македонија
Угостителите да не прават залихи овие два дена, препорача министерот Бектеши

Со новата одлука на Владата, почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители.
Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.
Министерот за економија Кресник Бектеши излезе со препорака угостителските објекти да не прават залихи, за да не се соочат со поголеми загуби.
„Министерството за економија секогаш е за поддршка на секторот, но очекува разбирање и соработка, се со цел надминување на оваа ситуација. Препорачуваме до сите угостителски објекти да не прават дополнителни залихи денеска и во текот на утрешниот ден, со цел да се избегнат поголеми загуби од воведените рестрикции за работа. Министерството за економија во континуитет работи за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, со цел за полесно справување со негативните ефекти од пандемијата. Поддршката ќе продолжи и во наредниот период. Министерството за економија ќе продолжи да креира мерки за поддршка на секторот. Најважно од се во овој момент е здравјето на граѓаните.“, наведе министерот.
Целосна забранa да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна.
Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар