Гостивар
Угостителските објекти во Гостивар летово со 2 часа плус работно време
Со одлука на Советот на Општина Гостивар се продолжи работното време на угостителските објекти во јули и август. Угостителите добиваат 2 часа плус за работа. Предлогот дојде од претседателот на Советот, Валбон Лимани.
„По две години пандемија и ограничувања сите угостители го чекаат летниот период кога доаѓаат и печалбарите, па сметам дека е добро да им излеземе во пресрет со продолжено работно време. Ова е согласно Законот за локална самоуправа, а продолженото работно време ќе важи од 2 до 31 јули, освен во деновите 3,5,18,21 и 28 јули и од 1 до 20 август освен во деновите 4,8,11 и 16 август“, рече Лимани.
Во одлуката, исто така беше вметнат и предлог за можност на лето, дуќанџиите сами да може да одлучуваат дали ќе работат во недела.
Одлуката беше донесена едногласно.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар