Поврзи се со нас

Гостивар

УЈП: Фирмите да исплатат плати, субвенциите ќе ги добијат по донесување на законот

Објавено

на

УЈП ги повика работодавачитекои се во можност да им ги исплатата октомвриските плати на работниците, а државната помош ќе ја добијат по донесување на законот.

„Имајќи го предвид фактот дека законот се уште не е донесен како и краткиот рок за поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците, работодавачите кои имаат можност за исплата на платата, може истото да го сторат веднаш,а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барањето и да направат корекција на МПИН образецот за користење на финансиска поддршка за исплата на платите.“, соопштија од Управата за јавни приходи.

Владата во рамките на четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19 го усвои пакетот мерки кој, меѓу другото, предвидува директна финансиска поддршка на приватниот сектор и стимулирање на компаниите за враќање и задржување на работниците на работните места. Предлог законот е во собраниска процедура.

Барањето за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е даноци, а од УЈП наведуваат дека барањата ќе се разгледуваат во рок од три дена.

По усвојување на законот Управата за јавни приходи најави дека на прес конференција подетално ќе ги образложи поединостите од Законот односно условите за користење на финансиската поддршка, начинот и роковите за исплата на финансиските средства на работодавачите, постапката на враќање на средствата, но и за казните за прекршување на законските одредби.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена