Македонија
УЈП го продолжи рокот за поднесување ДДВ-04 пријава
Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници дека за два дена е продолжен рокот за поднесување на пријави ДДВ-04, согласно Законот за даночна постапка.
– Со оглед на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите дека поднесувањето на пријави ДДВ-04 се продолжува за два работни дена согласно Законот за даночна постапка, информира во соопштение Управата за јавни приходи.
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е (25.01.2023 година) и истиот се продолжува за два работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.01.2023 година (петок).
Вкупниот број на ДДВ обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава изнесува 39.588.
До денес (25.01.2023 година), до 13:30 часот поднесени се 31.640 ДДВ пријави а бројот на неподнесени ДДВ пријави изнесува 7.948.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава