Поврзи се со нас

Македонија

УЈП: Ослободување од МДБ за месеците март, април и мај за обврзниците кои поради мерките имаат претрпено штета

Објавено

на

Управата за јавни приходи објави соопштение во кое се потврдува ослободувањето од плаќање на Месечниот даночен биланс за месеците март, април и мај 2020 година за обврзниците кои поради мерките имаат претрпено штета во своето работење.

„Согласно Уредбата со законска сила за примена на законот за данок на добивка во време на вонредна состојба, на Владата на Република Северна Македонија објавена во Службен весник на РСМ, бр.79 од 26.03.2020 година, обврзниците кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот (COVID 19), имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.

Даночните обврзници кои вршат дејност наведена согласно со Националната класификација на дејности – НКД Рев. 2:

  • Угостителска дејност (шифра 56) – Дејности за подготовка и служење на храна,
  • Туризам (шифра 79) – Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и (шифра 55) – Објекти за сместување,
  • Транспорт (шифра 49) – Копнен транспорт и цевоводен транспорт, Воден транспорт (шифра 50) и Воздухопловен транспорт (шифра 51)
    за да го користат правото треба да ги исполнуваат следните услови:
  • Да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на уредбата со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) и
  • Да не го намалат бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Правото од ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка се однесува и на други даночни обврзници, кои ги исполнуваат наведените услови и имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот (COVID-19) доколку исполнуваат и еден од следните услови:

  • Вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или
  • Бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките , да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или
  • Даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

Даночните обврзници правото на ослободување, можат да го остварат со поднесување на Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка (образец ДД-ОМА) кое е достапно за електронска достава преку системот e-Даноци“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Технологијапред 2 часа

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 22 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена