Поврзи се со нас

Македонија

УЈП со појаснување за враќање на средствата за исплата на плати и претворање на поддршката во грант

Објавено

на

Работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати, согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19, заради исплата на платите за април, мај, јуни 2020 година и/или согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од вирусот, заради исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, имаат обврска примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на државата, соопшти Управата за јавни приходи.

Највисокиот (кумулативен износ) за враќање, како што се посочува, е најмногу до износот од 50 отсто од остварениот финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи во Даночниот биланс – за обврзниците на данок на добивка.

За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, највисокиот (кумулативен износ) за враќање е најмногу до износот од 50 отсто од финансиски резултат пред оданочување искажан во Билансот на успех за 2020 година.

За враќање на износот на примената финансиска поддршка за исплата на плати, работодавачите треба да поднесат, барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати и тоа: „образец ДД-ГДВП/БВФП-1“, за април, мај и јуни 2020 година и „образец ДД-ГДВП/БВФП-2” за октомври, ноември и декември 2020 година.

Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вондредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50 отсто од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.

За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50 отсто од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех (добивка пред оданочување) за 2020 година. За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, работодавачите треба да поднесат барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ (образецот е објавен на веб страната на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/240 , а наскоро ќе биде објавен и на системот е-Даноци)

Барања имаат обврска да поднесат сите работодавачи- корисници на финансиска помош за плати и корисници на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување без разлика на финансискиот резултат (добивка/загуба) за 2020 година.

Работодавачите- даночни обврзници кои се оданочуваат во режимот на данок на добивка (ДБ ) обрасците ги пополнуваат во делот А, додека работодавачите- даночни обврзници кои се оданочуваат во режимот на вкупен приход, обрасците ги пополнуваат во делот Б. Тие што имаат негативен финансиски резултат (загуба) за 2020 година, а се во режимот на вкупен приход на полето 1 под Б, го внесуваат износот од поле 251 од Билансот на успех за 2020 година со негативен предзнак (-).

За работодавачите- даночни обврзници кои имаат негативен финансиски резултат (загуба) за 2020 година, проверка на условот за неплатени даноци и придонеси ќе се прави по службена должност согласно податоците од последно објавената листа на должници. Доколку во меѓувреме се намирени даночните долгови и обврзникот нема неплатени долгови по основ на даноци и придонеси за истото треба да приложи Уверение за платени даноци и придонеси до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира.

Работодавачите (кои водат непрофитно сметководство) и кои имаат обврска да доставуваат Годишна сметка до Централниот регистар на РСМ, а се корисници на финансиска помош за плати и корисници на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување исто така имаат обврска да ги поднесат „образец ДД-ГДВП/БВФП-1“, „образец ДД-ГДВП/БВФП-2” и или образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“, со тоа што истите ги пополнуваат во делот Б.

Работодавачите – корисници на финансиска поддршка зa исплата на плати за април, мај и јуни 2020 година кои ги исполниле условите дефинирани во Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од корновирусот заради исплата на платите за април, мај и јуни 2020 година, треба да поднесат барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ“.

Прилозите кон барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите (оргинал или заверени копии) се доставуваат до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот. Работодавачите – правни лица посочените обрасци ги поднесуваат преку системот е-Даноци. Барањата се доставуваат најдоцна до рокот за поднесување на Даночниот биланс за 2020 година, стои во соопштението.

Сподели ја веста:
Advertisement
Гостиварпред 6 часа

Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Македонијапред 7 часа

Демолиран кафе барот чиј сопственик е истиот од дискотеката во Кочани

Гостиварпред 10 часа

Собир на плоштадот во Гостивар за почит кон жртвите во пожарот во Кочани

Македонијапред 11 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка

Македонијапред 11 часа

Во врска со пожарот приведени 5 лица на територија на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, 11 лица се во 48 часовен притвор

Македонијапред 12 часа

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба

Македонијапред 13 часа

Во болниците во земјава згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во странство

Македонијапред 14 часа

Од денес седумдневна жалост за жртвите во пожарот во Кочани

Гостиварпред 14 часа

Променливо облачно, постудено и ветровито време

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена