Македонија
УЈП: Во 2018 бебе имало дивиденда над 1 милион денари, а скопјанка приход од 17 милиони евра

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, вчера на прес конференција ги соопшти „Највисоките годишни бруто приходи остварени во 2018-та година“. Во 2018 година биле доставени 795.953 даночни пријави за граѓани кои оствариле бруто приход од 309 милијарди денари или околу 5 милијарди евра.
Приматот најбогат човек во земјава за 2018 година го презеде жена од Скопје. Доаѓа од здравствениот сектор и во 2018 година заработила 17,2 милиони евра бруто приход. Таа, речиси за пет пати ги претекна најбогатите од предходните години. Истата жена ја остварила и најголемата добивка во земјава во последните 10 години од 13,7 милиони евра.
Од плата најмногу заработил скопјанец, исто така од здравствениот сектор со 3 милиони евра годишна бруто плата или месечно по околу 250.000 евра. Највисокото лично примање по друг основ било 1,93 милиони евра.
„Самостојното вршење на дејност во 2018 година најпрофитно е за скопјани, кои доминираат на листатат со приходи по овој основ, од кои највисокиот изнесува 46.024.172 денари (748.000 евра). Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители “- соопшти Лукаревска.
“Највисоки приходи од продажба на сопствени земјоделски производи остварени биле во Југоисточниот регион каде граѓанин од Гевгелија остварил приходи по овој основ во износ од 25.319.395 денари (411.000 евра), додека граѓанин од Валандово остварил приходи во износ од 19.744.161 (320.000 евра) денари.” беше кажано на прес конференцијата.
Тетовчанец, од приходи од имот и имотни права заработил 1,37 милиони евра, а скопјанец има најголем приход од авторски права 368.000 евра. Со најмногу среќа во наградните игри исто е скопјанец кој освоил 872.000 евра. Најбогатиот пензионер пак заработил 93.000 евра од странска пензија.
99-годишник е највозрасното лице со приход од над 1 милион денари, а највозрасниот со заработка над 10 милиони денари има 93 години.
Бебе, родено во 2018 година, е најмладото лице кое од дивиденда заработило над 1 милион денари, а најмладиот на листата на приходи од над 10 милиони денари има 21-на година.
Директорката изрази задоволство од целосното и успешно спроведување на целиот процес со пополнување годишна даночна пријава, со што истакна дека долгите редици чекање на шалтерите на УЈП се веќе минато и граѓаните преку системот е-Персонален данок сами си вршат увид и проверка на приходите во однос на искажаните приходи од страна на исплатувачите и потоа ја потврдуваат или коригираат пријавата.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград