Македонија
УЈП во декември изврши 696 контроли за готовински плаќања, кај 140 објекти утврдени неправилности

Управата за јавни приходи соопшти дека во тек на месец декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, спроведе контроли кај 696 објекти. Од вкупно извршените контроли кај 512 даночни обврзници не се утврдени неправилности, а кај 140 даночни обврзници се утврдени неправилности за кои се изречени соодветни поднесоци.
Изречени се 80 глоби за сторен прекршок неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, 29 глоби за неводење книга за дневни финансиски извештаи, 16 глоби за незакупени и нерегистрирани резервни фискални апарати, осум глоби за прекршок за некоористење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања, една глоба за неиздавање парагон – блок за извршениот промет на добра, односно на услуга. Изречени се и две глоби за тоа што не прикажувале промет од македонски производи, две глоби за неистакнување на видно место соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка, и две затоа што не ги чувале и одржувале фискалните апарати во исправна состојба.
Кај 13 физички лица, пак, е констатирано вршење на нерегистрирана дејност и за нив се преземени понатамошни постапки. При контролите 31 деловен објект бил затворен/или објектите не биле најдени на наведената адреса/не вршеле дејност во моментот на вршење на контролата.
УЈП апелира до сите даночни обврзници да ја почитуваат и да работат согласно законската регулатива.
– Даночната усогласеност не е само законска обврска, туку и основа за создавање на фер и праведен деловен амбиент кој ги поттикнува растот и развојот на економијата, наведуваат од УЈП.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо