Македонија
Укажување и апел за превентивни мерки од најавеното невреме

Центарот за управување за кризи (ЦУК) информира дека заради најавите за невреме и поројни врнежи преку своите регионални центри, испрати укажување за потреба од преземање превентивни мерки до градочалниците и лицата за контакт во сите региони во државата, коишто при вакви случувања, повратно, го известат регионалниот центар односно ЦУК, за можните настани поврзани со настанато невреме и порои во рамки на заедничко информирање и координирање и регионално и во државата.
„Покрај потребата за превенција заради најавеното невреме со поројни дождови и ветар, до субјектите од Системот за управување со кризи, ЦУК апелира и за лично граѓанско превентивно однесување за време и после невреме во одредени локални региони. Конкретно, покрај препораката за градоначалниците и субјектите во Системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.“, стои во соопштението.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград