Поврзи се со нас

Гостивар

Укинат Законот за зелени пазари кој предвидуваше лиценци за пазарџиите од 2020-та година

Објавено

на

Владата го укина Законот за трговија на зелени пазари, кој беше донесен минатата година, а требаше да започне да се применува од почетокот 2020-та. на следната година. Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши, Министерството оценило дека е потребно овој закон да престане со важност, затоа што ќе има негативни последици врз пазарџиите.

“При предлагањето и донесувањето на овој закон, Министерството за економија не беше воопшто консултирано. Министерството за економија, врз основа на направените анализи, компаративни советувања и проценки, констатираше дека досегашното искуство покажува дека одредбите од Законот за трговија на зелените пазари не се применуваат односно анализата на овие одредби покажа дека натамошната примена на овој закон би довела до социјални, економски и фискални последици врз продавачите на зелените пазари, што генерално ќе се одрази на целокупниот систем според кој функционираат зелените пазари од аспект на трговија на истите, поради што се оцени дека е потребно овој закон да престане со важност. Ова законско решение предизвика големи незадоволства и негативни реакции од самите чинители-учесници во трговијата на зелени пазари“, потенцираше Бектеши.

Бектеши информираше дека во моментот Министерството за економија работи на ново законско решение, коешто ќе треба да биде донесено следната година со кое ќе се уреди оваа тематика, а за неговото изготвување се прават консултации со сите засегнати страни.

Инаку, Законот за трговија на зелените предвидуваше лиценцирање на пазарџиите, ограничување на бројот на тезги – еден трговец, една тезга, како и забрана на пензионерите, социјалците и хонорарците да продаваат на пазарите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена