Поврзи се со нас

Македонија

Укината либерализацијата во железничкиот сообраќај

Објавено

на

    Собранието вчеравечер изгласа измени на Законот за железнички систем, со кои се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај.

    Министерот за транспорт Александар Николоски образложи дека измените се поради тешката финансиска состојба на МЖ Транспорт и оти во координација со Европската комисија во рамки на Планот за раст е договорено да се тргне обврската за либерализацијата.

    „Со овие измени практично го спасуваме АД МЖ Транспорт, каде работат голем број лица, кои имат свои семејства и треба да ги прехрануваат. Во изминатите два месеца активно работиме на тоа да земаат плати. Во координација со ЕК во рамки на Планот за раст се договоривме да се тргне обврската на Македонија за либерализацијата на железничкиот сообраќај,  затоа што кога би се реализирала ова претпријатие  кое и онака е во тешка финансиска ситуациа целосно ќе колабира“, рече Николоски.

    Долгот на ова АД во државна сопственост, соопшти, моментно е над 90 милиони евра и правиме напори да го вратиме во форма. Неколку локомотиви веќе се вратени во операција за карго  превоз кој е најдоходовен, во следниот период ќе се изнајмат уште четири до пет  локомотиви, за што ќе се разговара за соработка со Србија, рече министерот Николоски.

    Благоја Бочварски, пратеник од СДСМ и поранешен министер за транспорт, оцени дека законската измена е непотребен чекор.

    „Одлуката за либерализацијата на пазарот беше донесена по 32 години. Тоа ќе значеше отворање на пазарот за влез на повеќе оператори на пругите.  Со тоа ќе се спуштеа цените пред се на македонските компании. Мора да мислиме на македонската економија и да отвориме  врати за порз и поевтин транспорт“, рече Бочварски.

    Со измените се брише член 65-а од Законот во кој се пропишани одредби за правно или физичко лице кое врши превоз за сопствени потреби да има право на пристап до железничката инфраструктура и да може да врши превоз на железничката инфраструктура.

    Со членот 4 од Предлог законот, поради лошата финансиска состојба, како и драстичното намалување на превозот по стока се предлага бришење на член 67-а од Законот во кој се пропишани одредби за висината на надоместокот за користење на железничката инфраструктура

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена