Поврзи се со нас

Македонија

Укинување на маските во затворен простор, со исклучок на болници и јавен превоз-препорача КЗБ

Објавено

на

Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои денеска на состанок ги донесе Комисијата за заразни болести (КЗБ).

– Денеска имавме редовен состанок на Комисијата за заразни болести. Најпрво ја разгледавме епидемиолошката состојба во државата и заклучивме дека моменталните услови ни овозможуваат да размислуваме за намалување на рестриктивните мерки и се согласивме да препорачаме укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор.  Од оваа мерка се исклучок здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти или како да ги класифицираме останува задолжителното носење на макси. Од сите останати затворени простор маските може да се носат само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува веќе, истакна на прес-конференција претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

Посочи дека задолжителното носење маски го укинуваат, но повторно препорачуваат маски да носат возрасните, тие што се имунокомпромитирани и тие кои се со хронични болести.

– За нив препораката останува. Значи, нема задолжение, но има препорака, бидејќи носењето маска е ефикасна мерка за заштита од пренесување и за заштита на здравјето, рече д-р Петличковски.

Според него, станува збор за две крупни промени. – Како што зборувавме повеќе недели наназад, ние ја проценуваме епидемиолошката состојба и планираме постепено олабавување на мерките, бидејќи не сакаме наеднаш да се соочиме со зголемен ризик. Овие препораки ги препраќаме до Главниот кризен штаб, додаде д-р Петличковски.

Истакна дека очекуваат побрзо да бидат прифатени заклучоците од минатата седница и од оваа седница на Комисијата.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехемедовиќ одговарајќи на новинарско прашање рече дека постепено ќе ги релаксираат мерките, не сакаат да донесат крупни чекори кои можат брзо да ја дестабилизираат епидемиолошката состојба, која е стабилна.

– Сега сме во пресрет на празници кои можат да бидат една од причините да имаме зголемување на бројот на новозаразени во текот на наредниот период и затоа внимателно чекор по чекор ќе одиме во насока на тоа да ги релаксираме мерките. Маските се една од големите рестриктивни мерки која се укинува. Да почекаме во наредните недели да ја следиме епидемиолошката состојба, доколку има можност и за тоа секако ќе се разговара и за сертификатите генерално не само за влез во државата, туку и за користење во затворени простории, истакна д-р Мехмедовиќ.

Посочи дека партицијално се укинува изолацијата, само за контактите.

– Тие кои се позитивни случаи се уште ќе треба да одат во изолација и тоа ќе биде донесено со одлука од Центарот за јавно здравје. Во наредниот период ќе видиме дали може да се укине и овој дел од системот на следење на позитивните случаи, а не само на контактите кои се на позитивните случаи, рече д-р Мехмедовиќ.

Според д-р Петличковски, во моментов е рано да размислуваат за тоа и тоа ми е ставено подоцна на распоредот.

Одговарајќи на новинарско прашање д-р Мехмедовиќ рече дека здравствените објекти се местата каде е најголема веројатноста да има трансмисија на вирусот, затоа што има заболени лица, има симптоматологија, што е слична и на вообичаените настинки и на грипот, омикронот е со таква слична симптоматологија, не може да се диференцира од останатите болести.

– Важно е да се носи маска, за да немаме тука трансмисија на вирусот која би била зголемена, а имаме зголемен ризик од пренос на вирусот во овие простории. Возрасните лица, тие кои се над 65 години особено тие што се по старечките домови беа најмногу изложени на ризик во време на оваа варијанта на омикрон и затоа треба и кај нив да бидеме навистина внимателни за да не се доведеме до дополнителни ризик фактори кои би можеле да ни го загрозат здравјето. Јавниот превоз знаеме во каква состојба е. Сега имаме голема концентрација на луѓе во затворен простор, блиску се едни до други, таму дефинитивно треба да остане маската уште некој период за користење. Тоа се основните причини кои ги разгледувавме денеска на Комисијата за заразни болести како важни елементи кои не смееме да ги занемариме во однос на тоа кога се уште носиме одлука да продолжи да важи задолжителното носење на маски, потенцира д-р Мехмедовиќ.

Во врска со новата подваријанта на омикрон XE, д-р Петличковски рече дека во моментов не треба да не загрижува воопшто, затоа што се работи за варијанта на повторно благи симптоми, доминантноста не е оди така како со омикронот, ништо различно од тоа што веќе е присутно.

– Тоа е еден хибрид помеѓу омикрон варијантите БА1 и БА2, значи веќе видени симптоми, начин на пренос се знае дека е високопренослива, но не ги потиснува веќе постоечките варијанти со таква прогресија како што тоа го направи омикронот и затоа во моментов не е за загрижување, посочи д-р Петличковски.

Д-р Мехмедовиќ рече дека не е првпат да има хибридни варијанти кои ги имало секогаш кога ќе се појави нов сој.

– Комбинацијата помеѓу двете варијанти создаваше такви хибридни варијанти. Многу е мала концентрацијата односно дисеминацијата на тие хибридни варијанти. Се сеќавате дека имавме делта хибридна варијанта кога беа присутни и делтата и омикронот. Во моментот кога ќе се изгуби присуството на едната варијанта и кога ќе остане само една единствена варијанта тогаш веќе хибридната варијанта се губи. Така што не е ова првпат да имаме случај на појава на хибридна варијанта во текот на пандемијата. Практично, преминувањето од една до друга варијанта кога ги имавме и алфата, и делтата и омикронот се случуваа такви хибридни варијанти и тоа не е нешто што е проблем, така што нема сега во моментов апсолутно никаква причина за загриженост, истакна д-р Мехмедовиќ.

Д-р Петличковски додаде дека овие мерки и следните мерки на олеснување од рестрикциите не значат дека пандемијата е завршена.

– Ние и во моментов планираме следни чекори во случаи, во услови кога ни се зголемувале бројките. Значи, сакам да повикам на едно внимание и на прифаќање. Очекувам да организираме малку поинтензивна вакцинацална кампања. Во ниеден момент не се откажуваме од вакцините, да знаете дека ќе следуваат некакви препораки, организирани образложувања на ефикасноста на вакцините во следниов период, изјави д-р Петличковски

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена