Поврзи се со нас

Занимливости

Улична уметност – вредна за внимание

Објавено

на

На многу урбани објекти, ѕидови можат да се видат слики, графити и мурали кои ни го привлекуваат вниманието и ќе нѐ натераат да застанеме, внимателно да ги набљудуваме и да размислиме за пораката кои тие ја пренесуваат или едноставно да се восхитуваме на визуелниот приказ и техниката која е користена при изработката, а воедно и да се запрашаме “како успеале да го направат ова?“ Уличната уметност или street art претставува изразување на став и мислење на младите луѓе, а воедно и обид за разубавувње на старите, руинирани објекти и запуштени делови од градот.

Уличната уметност е всушност визуелна уметност која настанува на јавни места, а мотивирана е од желбата на уметникот да комуницира со публиката надвор од формалните места на уметноста како што се галериите.

Настанувањето на оваа уметност и нејзиното прифаќање не било баш едноставно, а ни лесно. Во почетокот не била прифатена од страна на жителите и била сметана како акт на вандализам. Изработките на уметниците често биле префарбувани со други бои или од други уметници.

Социјалната или политичка состојба, критикување или исмевање на друштвото или едноставно изразување на став се само некои од темите кои ги инспирираат претставниците на оваа уметност. Местата каде може да се видат најчесто се стари згради, напуштени или пак запуштени влезови, бетонски столбови, асфалт, вагони на возови, тунели.

Минхен

Но како и кога сѐ започнало?

Графитите кои се исцртувани на вагоните од возовите и на ѕидовите се најран облик на уличната уметност, а првенствено се појавиле во Америка, поточно во Њујорк во текот на 1920-те и 1930-те години од минатиот век у биле дела на улични банди. Вистинскиот бум уличната уметност го доживува во 1970-те кога младите, реагирајќи на друштвеното и политичко опкружување, почнале со креирање на движењето. Германија, поточно Минхен стнал татковина на графитите кога во 1985-та година минхенските “спрејери“ возот С4, таканаречениот гелтендорфски воз, потполно го изшарале. Исто така и Берлинскиот ѕид бил избран од уличната уметност. Лондон е еден од најпознатите градови во Европа во кој дури и се организираат туристички тури во кои се прикажуваат делата на уличната уметност.

Banksy

Banksy

Уличната уметност, во својот развој, довела до создавање на мурали, кои имаат разни мотиви, но секој минувач го принудуваат да застане и да им се восхитува. Покрај графитите и муралите, уличната уметност исто така подразбира и стенцил техники, принтови, слики со голем формат, проекти на меѓусебна соработка меѓу уметниците, улични инсталации, перформанси и видео проекции.

Vhils

Денес постојат голем број на уметници кои се занимаваат со овој вид на уметност, но голем број од нив и понатаму остануваат во илегала и анонимност. Еден од најпознатите е Banksy кој со години успешно го сокрива својот идентитет. Неговите дела се засноваат врз политичката и друштвената ситуација. Благодарение на неговите дела (графити и мурали) и начинот на изразување на својот став, овој уметник е познат низ целиот свет.

Blu

Vhils е уличен уметник од Португалија, кој работи колажи и портрети. Blu е уличен уметник од Болоња кој работи мурали низ целиот свет. Пред нив многу важно место зазеде и Moose, Кој наместо спрејови и емулзи користи средства за чистење од хотелите и автопералните и на извалканите фасади исцртува разни графити, односно “обратни графити“, пишување и цртање со чистење на валкани површини. Оваа техника се користи и за испраќање на еколошки пораки. Покрај нив и многу други оставиле своја трага, како францускиот уметник Christian Guemi, попознат како C215, потоа Spy, Laguna и др.

C215

Денес оваа уметност се смета за една од најпопуларните форми, па така делата на одредени уметници можат да се најдат во галерии, а се користат и на разни збиднувања и настани. Компании како што се Puma, Red Bull, Coca Cola ја користат оваа уметност дополнително да популаризираат својот бренд кај младите, па и изнајмуваат простор за работа на уметниците. Уличната уметност и дизајнот на графити си го најдоа своето место во маркетингшка смисла кај брендовите кои сакаат своите производи да ги преtстават како дел од уличната култура.

Spy

Сепак, секој уметник има свој стил и начин на работа, свој став и цел, но она што им е на сите заедничко е дека нивните дела се вредни за внимание, оставаат силен впечаток и испраќаат силна порака.

Laguna

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 29 минути

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 2 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 4 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 8 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 8 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 20 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 21 час

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена