Поврзи се со нас

Вести

Улиците во Гостивар полни со питачи – За наведување деца на питачење следува затвор

Објавено

на

Летниот период низ гостиварските улици можат да се забележат голем број питачи, меѓу кои многу деца. Питачењето, а особено злоупотребата на малолетниците во тој поглед, е проблем со кој справувањето оди тешко. Жени со бебиња и мали деца остануваат на улица од раните утрински до доцните вечерни часови и бараат пари од минувачите. Најчесто се движат во централното подрачје, пред верските објекти, околу пазарите, а децата влегуваат и во угостителските објекти за да бараат некој денар од гостите или вработените.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово соопштија дека во повеќе наврати преземале превентивни мерки и активности за справување со оваа општествено-девијантна појава и уште еднаш потсетија дека питачењето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека за ваков вид прекршок е предвидена глоба од 15 до 50 евра.

„Родителите или други лица кои непосредно ќе ги инволвираат своите или други, најчесто малолетни деца во питачење или на било каков поинаков начин ќе ги запуштат  и злоупотребат, ќе се соочат со кривична одговорност и со затворска казна од најмалку пет години.“, соопшти полицијата

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена