Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 28/12/2018 | 10:16

Уметници од Гостивар со своја изложба во Њујорк САД

Вчеравечер во просторите на македонскиот центар GALLERY MC во Њујорк, САД свечено беше отворена изложбата на дела од тројца гостиварски уметници: Арјан Руфати, Лавдрим Мемеди и Џезаир Реџепи.

Пред публиката во Америка, Лавдрим Мемеди се преставува со слики, Арјан Руфати со уметнинички фотографии, додека Џезаир Реџепи со слики, скулптури и видео арт. „Задоволство ни е што имаме можност да ги претставиме нашите дела во Њујорк и ова е едно вредно искуство за нас, како творци“, рекоа за Gostivarpress.mk уметниците.

Свеченото отворање на изложбата, која е дел од проектот ART & MUSIC PERFORMANCE, беше надополнето со музичка програма, која ја исполнија: Лаура Крлиу, Дешира Ахмети Крлиу, Аријан Крлиу, Елис Лоши и Диди Тежа.

Проектот е финансиран од страна Министерството за култура на Република Македонија и потпомогнат од општина Гостивар. Изложбата на гостиварските уметници во македонскиот центар во Њујорк, ќе биде отворена до 9 јануари 2019 година.

Напишете коментар