Гостивар
Умилителна вечерна на проштевањето во Бигорски

Епископ Антаниски и игумен на свештената бигорска обител г. Партениј на синоќешната традиционалната Умилителна вечерна на простувањето, посака благословен пост и добра Четириесетница.
-Најнапред, да му се заблагодариме, најмили мои, на Бога, што нè удостои и оваа година да стасаме до оваа прекрасна богослужба, наречена Умилителна вечерна на проштавањето, во навечерието на Светата и Велика Четириесетница. Постот е едно од средствата за стекнување на духовното богатство, единствено потребно на човекот. Светата Четириесетница е погодно и посебно благословено време кога се трудиме низ подвиг да го украсиме својот внатрешен храм со добродетели. Светиот и велик четириесетдневен пост е најстариот и најстрог пост во нашата света православна Црква, рече г. Партениј.
Додаде дека суштината на постот не е само промена на начинот на исхрана, а притоа да си мислиме дека правиме нешто особено важно.
-Храната е само еден и можеби, најнезначителен сегмент. Најсуштествено во постот е воспитувањето на својот дух и неговото насочување кон Царството Небесно. Јасното и ревносно чувствување на желбата да се соединиме со Бога. Копнежот да оставиме зад нас сè што е земно и суетно и да почувствуваме како е да се биде жител на Небото. А да се биде жител на Небото значи да се живее со радоста во Христа, да се има мислата во љубовта Негова, зашто Самиот Он е Царството Небесно. Вистинската молитва претставува токму тоа: воздигнување на срцето кон Бога. Само на овој начин, кога на постот му пристапуваме со љубов и смирение, тој е навистина богоугоден. Во спротивно, доколку човек не општи со Христа, не Го чувствува во своето срце како радост, милост и добрина, прашање е дали воопшто би можел подолго време да издржи каков било подвиг, нагласи владиката.
Човештвото, рече тој, е разбранувано од немири и од злоба, а тие се резултат на непокајанието. Мирот, пак, оној вистинскиот, внатрешен мир, доаѓа само како плод на човечкото покајание.
-Сведоци сме, за жал, на сè поголемо обезвреднување на човечкиот живот. Денес имаме една војна на православно тло. Секојдневно гинат луѓе – не само таму ами насекаде по светот. Да не забораваме дека ние сме само гости на овој свет, поминуваме и заминуваме. Затоа гледајте вашиот пат да биде насочен кон небесната татковина. Да се трудиме, мили мои, со сите наши сили, духовни и телесни, да се воздржуваме од злото со пост и молитва и да се прилепуваме кон доброто, та да измолиме од нашиот преблаг спасител Господ Исус Христос да вдахне кај сите желба за покајание. Да се всели мирот во нашите души, во сите луѓе и на тој начин мирот да преовладее во светот. Нека милостивиот Христос Бог ни даде сили да го издржиме овој пост во богоугоден подвиг, во смирение и миротворство, за да се удостоиме со солзи да се поклониме на светиот крст Господов и на светата Пасха, во радост и во мир. Амин, посака владиката Партениј.
Порачува дека е неопходно христијаните за време на постот да се трудат во сите добродетели, пожртвувано да се даваат себеси за другите. Треба, додава тој, да се украсиме со најубавата добродетел – љубовта, која произлегува од верата и која ќе трае вечно.
Отворени огласи за вработување:

Триесетина казни во Гостивар и Тетово за возачи кои не пропуштале пешаци

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност на МПЦ-ОА во Вселенската патријаршија

Чистка во Интер, заминуваат 13 играчи

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Шест месеци научници напојувале компјутер со помош на алги

Куче скитник нападнало гостиварец

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Нападнат малолетник во гостиварско Чегране

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Заврши сезоната за КК Гостивар, годинава на 5-тата позиција

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Влезниците за КК Гостивар – МЗТ Скопје пуштени во продажба, по иницијатива на поддржувачи на КК Гостивар

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?