Поврзи се со нас

Гостивар

УНДП од Гостивар го започна одбележувањето на 30 години работа во Македонија

Објавено

на

    Со промотивен настан во Летниот Амфитеатар крај Вардар во Гостивар, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го започна одбележувањето на јубилејот 30 години присуство и работа во Македонија.

    „УНДП работи во земјава од 1995 година и имаме инвестирано над 250 милиони американски долари. Добар пример за ова се регионот на Полог, Гостивар каде што некои од активности и проектите што ги спроведовме вклучуваа заштита и спречување на поплави, меѓуопштинска соработка и други. Нашиот успех е наш заеднички успех, не е поединечен, имаме најдобри успешни проекти кога имаме доверлив партнер, кој ќе покаже интерес, но и може да се потпреме на него. Општина Гостивар три децении се покажа како еден од најдоверливите партенри за што сум благодарен.“, истакна  постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

    Со поддршка на УНДП во Гостивар се реализирани активности и проекти од различни области: фондот за техничка документација, моделот на форуми во заедницата, Младинскиот ресурсен центар, Центарот за грижа и нега, шеталиштето крај Вардар и други.

    „Гостивар не само што бил дел од индивидуални проекти, туку активно учествувал и во регионални проекти што ги поврзуваат општините во Полог. Особено е важно што многу од активностите што ги започнавме заедно, ги продолжуваме денес со наши средства, што покажува дека сме ги прифатиле како наши и одржливи. Се радуваме на соработката и во иднина, бидејќи само заедно можеме да создадеме подобра иднина за нашите граѓани.“, рече меѓудругото, градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани.

    На отворањето на настанот се обрати и Абасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.

    „Словачка е горда да што е партнер на УНДП за поддршка на иновации, развој и реформи.  Локалниот развој секогаш бил во срцето на нашите заеднички напори. Неопходно е да се најде добар партнер и многу ми е драго што и сегашниот и претходниот градоначалник на Гостивар беа добри партнери, затоа што добар партнер е како богатство“, кажа Амбасадорот.

    Присутните на одбележувањето ги поздрави и министерот за здравство и екс градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

    „Околу 7 години колку што бев градоначалник сме имале фантастични соработка со УНДП и сме спровеле голем број проекти. Преку поектите направивме некои клучни промени во градот, како што е шеталиштето крај Вардар, детски катчиња, тениското игралиште,  подобрување на квалитетот на услугите на општинската администрација и др. Честитам за јубилејот и им посакувам успех“, подвлече Таравари.

    На настанот граѓански организации од гостиварското подрачје на штандови претставија дел од својата работа. Забавниот дел од програмата пак го исполнија ученици со сценско-музички изведби.

    Јубилејот се одбележува под мотото „30 години УНДП – Заедно за подобра иднина“.

     

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 9 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 12 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 13 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 17 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 19 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 20 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 22 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 23 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена