Македонија
Унгарскиот оператор „4iG“ со интерес за влез на македонскиот телекомуникациски пазар

Пристигнато е писмо со намери од „4iG Групација“, унгарски телекомуникациски оператор. Операторот изразил интерес за анализа на условите за влез на телекомуникацискиот пазар во земјава и за нудење услуги во мобилната и фиксна телефонија, соопшти Владата.
Како што информирал министерот за транспорт Александар Николоски на владина седница, иницијативата е усогласена со стратегијата на „4iG Групацијата” за проширување на нејзиното присуство во земјите од Западен Балкан.
-Во однос на ставот на Владата за зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија министерот за транспорт информираше дека е пристигнато писмо со намери од операторот „4iG Групација“. „4iG Групацијата“ е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, „4iG Групацијата“ се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE, наведува владината прес-служба.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос