Поврзи се со нас

Македонија

УНИЦЕФ: Состојбата со кризата во образованието е алармантна

Објавено

на

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште

Пропуштеното мора да се надомести за да се избегнат долготрајни штети по добросостојбата и продуктивноста на децата, се наведува во писмената изјава на Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Од Канцеларијата на УНИЦЕФ потсетуваат дека со години наназад Северна Македонија се соочува со криза во учењето при што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст не ги постигнуваат основните нивоа на знаење по читање и математикаЗгора на тоа, како што се наведува, не беа воведени програми за надоместување на пропустите во наставата предизвикани од затворањето на училиштата поради КОВИД-19 и учењето на далечина

Посочуваат дека оваа учебна година учениците веќе пропуштија две недели настава поради задоцнетиот почеток на учебната година

– Сега, со пролонгираниот штрајк на наставниците кој влегува во својата трета и евентуално и четврта неделапостои веројатност децата да изгубат до шест недели настава во оваа учебна година и сето тоа во време кога требаше да се надоместува знаењето пропуштено како последица на КОВИД-19. Сега, повеќе од било кога порано, треба да донесеме мерки за надоместување на пропуштеното знаење и за забрзување на образовната реформа за да може да се одговори на образовната криза којашто му претходеше на КОВИД-19. Доколку итно не се преземат вакви мерки, економските последици од пропуштеното во учењето ќе влијаат на намалена заработувачка во животот на децата од денешната генерацијаОвие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој на државата, се наведува во писмената изјава. 

Според УНИЦЕФ, веднаш по враќањето во училишните клупи, најважно е наставниците да го оценат нивото на знаење на учениците и да им обезбедат настава прилагодена на потребите и нивото на дететоТреба да се размисли за мерки од типот на продолжување на времетраењето на наставатаорганизирање часови за надоместување на пропуштенотоприлагодување на наставата за да се задоволат конкретните потреби од учење на учениците и ставање акцент на стекнување клучни вештиниНа матурантите ќе им треба дополнителна поддршка да го совладаат материјалот за да може непречено да го продолжат своето школување во повисоките нивоа на образование.

УНИЦЕФ ги повикува сите учесници во преговорите за платите на образовните работници пред сè да го имаат предвид најдобриот интерес на детето, да прифатат дека состојбата со кризата во образованието е алармантна и да изнајдат взаемно прифатливи решенија со цел да се спречи создавање идна изгубена генерација.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена