Поврзи се со нас

Македонија

Уништени 10 тони марихуана, хероин, кокаин…

Објавено

на

„Денеска, во електропечката на Макстил – Скопје со палење беа уништени околу 10 тони различни видови наркотични дроги, одземени до август 2022 година, по основ на правосилни судски одлуки донесени по завршени кривични постапки, како и врз основа на судски решениja за нивно ништење. Станува збор за уништени повеќе од 8,2 тона марихуана, потоа околу 100 кг хероин, хашиш, кокаин, над 1000 растенија, семки од канабис, како и 1,2 милиони парчиња психотропни супстанци, што претставува најголемо уништено количество запленета дрога досега, која на црниот пазар би достигнала вкупна вредност од 26 милиони евра“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на настанот во Челичарницата на Макстил, реализиран со соработка на МВР, Државната комисија за уништување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и Агенцијата за управување со недвижен имот.

Како што нагласи министерот Спасовски, оваа досега најголема количина уништена дрога е резултат на бројните оперативни акции и континуираните активности коишто МВР ги спроведува во изминатите неколку години со цел спречување на нелегалната трговија со дрога и прекурсори, при што само во периодот јануари-јули 2022 како резултат на овие активности беше запленета дрога во вредност од 205.5 милиони евра, која ќе биде уништена по завршување на законски предвидените процедури, сузбиени 9 организирани криминални групи и спречени 7 меѓународни транспорти.

Претседателката на Комисијата за уништување на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори, судијата Даниела Димовска, заедно со останатите членови на комисијата, постапија по 449 правосилни пресуди од кои е попишана одземената наркотична дрога која е предмет на ништење.

„Како модерна компанија за преработка на железо, со секојдневното работење, Макстил во континуитет придонесува за државата и заедницата, како од економски аспект преку нашата работа и влијанието врз домашната индустрија, така и преку нашата функција во општествената сфера. Токму во таа насока е и денешната акција, за којашто за потребите на државните органи целосно ги ставаме на располагање нашите капацитети, материјални, просторни и човечки. Макстил располага со соодветни услови но, и знаење за спроведување на акција од ваков вид, која мора биде спроведена во целосно контролирана средина, а воедно и безбедна по околината. Тоа што државните органи ни ја доделија довербата нас за исполнување на оваа одговорна задача, говори и за општата клима на соработка меѓу институциите и индустриските капацитети, но и за високите стандарди на работа на Макстил“, истакна директорот за економика на Макстил, Петар Јанески.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена