Гостивар
Уништени клупи, корпи за отпад, детски катчиња во Гостивар…Како против ниската свест и неодговорност?

Гостивар страда од ниска свест за зачувување на јавните добра и недостиг на одговорност кога станува збор за јавните површини. Многу често, парковите и другите простори кои се уредени како место за релаксација, прошетки и одмор, стануваат мета на деструктивни поединци, па може да наидете на искршени клупи, уништени корпи за отпад, соборени канделабри и слично.
Од вандализам не се поштедени ниту детските катчиња. Наместо да бидат весели места за игра и дружење на дечињата, стануваат простор со непријатна глетка: руинирани лулашки, лизгалки и разни други реквизити упропастени од човечка рака.
Демолирана урбана опрема ќе ве пречека и во детското игралиште во градскиот парк, како и во делови од шеталишето на Кејот на Вардар. Иако неколкупати се обновувани, повторно стануваат жртви на вандалско однесување.
Локалната самоуправа најавува дека напролет ќе работи на обновување на урбаната опрема и заедно со полицијата и инспекторите ќе се преземаат мерки за да се спречува уништувањето. „Пред сѐ општината напролет планира да ги реновира и да ги обнови сите детските катчиња, игралишта и урбаната опрема насекаде низ градот. Се надеваме дека во соработка со МВР, но и со инспекциските служби при Општина Гостивар ќе ја подобриме состојбата, а ќе се потрудиме и да ја покренеме свеста кај граѓаните. Сепак сите овие детски катчиња и урбаната опрема се на граѓаните, не се на општината или на државата и сите заеднички треба да внимаваме на нив и да ги чуваме, а не да ги уништуваме.“, рече градоначалникот Ваљбон Лимани.
Може да се забележи дека во бранот упропастувања настрада и едно уметничко дело-монументалната скулптура од авторот Џезаир Реџепи, која беше поставена пред две години на Кејот на Вардар.
„Kога гледам како мојата работа е уништена, чувствувам жалење и недостаток на ценење на јавната уметност. Oва не е добро чувство за мене како уметник затоа што сум вложил креативност и труд, таму има дел од мојата душа. А кога ќе видите како некое ваше дело вака се третира, освен лутина, чувствувате и потреба да го вратите во претходната форма, како симбол за јавноста и заедницата на Гостивар“, рече Реџепи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос