Македонија
Уписи на факултетите на Скопскиот универзитет

За кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование, денеска и утре е првиот рок од пријавувањето за упис на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
За оние кои се рангираа според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења, пријавувањето беше на 26 и 27 август.
Вкупно 10 678 места се слободни во прва година додипломски студии на факултетите на Скопскиот уиверзитетот во учебната 2021/2022 година.
Според Конкурсот што УКИМ го објави во јуни, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра. За редовни кои ќе ги кофинансираат студиите има 4366 слободни места, а 1065 се слободни за вонредни студенти. Надоместот за студиите во овие две категории е 400 евра.
Конкурсот на УКИМ содржи информации за бодирањето од успехот во средно образование и од државната матура и за критериумите и потребните документи за упис.
Вториот рок за пријавување на кандидатите за запишување на УКИМ е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја