Гостивар
Уписи на ученици во музичкото училиште „Енвер Стафаи“ во Гостивар

Во општинското основно музичко училиште „Енвер Стафаи“ во Гостивар во тек се уписи на ученици за учебната 2022/2023 година, кои имаат желба да изучуваат музички инструменти и пеење.
„Учениците ја посетуваат настава во музичкото училиште двапати неделно, според нивното слободно време. Музичкото училиште ги поседува сите потребни инструменти и ги задоволува сите услови за редовна и квалитетна настава. Ги покануваме сите заинтересирани деца кои имаат желба и талент да станат дел од нашето училиште. За сите ученици организиран е бесплатен превоз од Гостивар до училиштето.“, рекоа од установата.
Повеќе информации може да се добијат на: 042 213 339, 070 345 380, 070 314 382.
Основното музичко училиште во Гостивар постои околу три децении, а наставата се изведува на: македонски, албански и турски јазик. Децата изучуваат солфеж и инструмент.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава