Поврзи се со нас

Култура

„Urban life“ на гостиварецот Радически донесе моменти од секојдневието уловени од објективот

Објавено

на

Гостиварецот Александар Радически за прв пат се претставува со изложба на свои фотографии пред домашната публика. Вчеравечер во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар беше отворена неговата самостојна изложба под наслов „Urban life“. Посетителите имаа можност да ги разгледаат фотографиите, 25 на број, создадени во Македонија и низ странски земји кои ги обединува темата на урбаното живеење.

„На фотографиите има моменти од секојдневието и се` она што не опкружува. Да бидам искрен, изборот кои фотографии да се најдат на изложбата беше тежок. Имам вкупно 1.650 фотографии, но благодарение на мојот ментор Осман Демири, на кого му се заблагодарувам многу, го направивме вистинскиот избор како и техничките подготовки“, изјави авторот.

Радически е роден 1986 година во Гостивар. Со фотографија се занимава скоро две децении и со своите фотографии учествувал на повеќе фестивали и групни изложби низ државата.

„Љубовта кон фотографијата се роди случајно. Налетав на интернет на страна со фотографии и ги анализирав, па се запрашав дали јас би можел да направам нешто такво и така почнав. Фотографијата стана мое хоби и голема пасија“, објасни Радически.

Изложбата „Urban life“ ќе биде отворена за посетители до 10 јули.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена