Вести Гостивар
Уште 4 новозаболени од морбили во Гостивар – се чешлаат вакциналните картони

Не стивнува ширењето на морбилите меѓу населението. Прогласена е епидемија на целата територија на земјава, а бројката на заболени е во постојан пораст. Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, на државно ниво во периодот од 13 до 19 април, регистрирани се 121 нов случај на заразени пациенти со мали сипаници. На подрачјето на Гостивар има четири новозаболени, со кои борјката на заразени достигна дваесет.
Согласно препораките на Министерството за здравство, во гостиварските градинки не ги примаат децата кои не се вакцинирани со МРП вакцината. Деновиве на родителите им било побарано да ги достават вакциналните картони, како потврда дека децата кои ги носат во градинка ја примиле вакцината.
Во меѓувреме се спроведува и вонредна проверка на вакциналните картони во надлежните служби. Според најавите од Министерствата за здравство и образование, од следната недела низ училиштата ќе се врши теренска вакцинација.
Вкупниот број на заразени од морбили во земјава достигна 1.060. Најголем број на случаите се од возрасната група над 30 години. Според вакциналниот статус, 810 или 75% од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 17% се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја