Поврзи се со нас

Македонија

Уште денес и утре искористување на парите од домашната платежна картичка

Објавено

на

Утре (15 август) е последниот рок за користење на домашната платежна картичка која државата ја обезбеди за одредени категории граѓани, како една од антикризните мерки во ковид пандемијата. Парите од картичките може да се трошат уште денес и во текот на утрешниот ден.

Домашната платежна картичка важи за пазарување на домашни производи кај регистриран македонски производител (освен цигари и алкохол), за плаќање услуги од домашен давател на услуги или за купување на онлајн производи од домашната е-трговија.

Преку оваа мерка, социјалните категории граѓани и невработени со низок доход добија по 9.000 денари еднократна помош, вработени со минимални плати добија по 3.000 денари, исто како и средношколци со наполнети 16 години и студенти. Здравствените работници од службите вклучени во борбата против ковид-19 добија еднократна финансиска поддршка во висина на 40 % од износот на последната пресметана основна нето-плата.

Иако истекува рокот за трошење на прите, сепак, граѓаните не треба да ги фрлаат картичките, туку да ги сочуваат. Картичките се за повеќекратна употреба, и ќе се користат повторно доколку во иднина има нов сет на мерки.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена