Вести
Уште едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево
Едно лица го загуби животот во сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Колари. Од здобиените повреди, на лице место починал С.А. од Скопје а неговата смрт е констатирана од екипа на Брза помош која пристигнала на местото на настанот.
Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот С.А. кој се движел до коловозот кон Гостивар, во еден момент започнал да го преминува магистралниот пат при што директно бил удрен од товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое по патот се движело во насока од Кичево кон Гостивар. По ударот, пешакот-сега починатиот С.А. паднал на десната страна надвор од патот.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. За време на увидот кој траеше до 21 часот, сообраќајот на патниот правец беше физички регулиран со наизменично пропуштање на моторните возила.
По наредба на јавниот обвинител, во текот на денешниот ден ќе се изврши обдукција врз сега починатиот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар