Поврзи се со нас

Спорт

Успешен старт на македонската фудбалска репрезентација во новото издание на Лига на нации

Објавено

на

И покрај не убедливата игра, со “пенал триумф“ македонската фудбалска репрезентација успешно го започна второто издание на Лигата на нации. Во невообичаен термин од 15:00 часот Мекедонија ја совлада репрезентацијата на Ерменија со 2:1.

По деветмесчната пауза на репрезентативниот фудбал избраниците на Игор Ангеловски не оставија силен впечаток. Но сепак, и покрај отсуството на Горан Пандев во стартните единаесет, уште во првото полувреме после двата оправдано досудени пенали врз Елиф Елмас, Езџан Алиоски во 5-та минута и Илија Нестотровски во 38-та ѝ донесоа сигурно водство на македонската репрезентација која успеа да го сочува сѐ до крајот на натпреварот. Во второто полувреме резултатот дозволи поголема иницијатива на ерменската репрезентација кој и покрај неколкуте шанси успеа само да го намали резултатот преку Тигран Барѕегјан на 2:1 во самиот финиш на натпреварот исто така од пенал.

Македонија во победничка атмосфера ќе одпатува за Грузија, со која на осми овој месец треба да го одигра и вториот дуел во втората група од Ц дивизијата од Лигата на нации во која уште се наоѓа и репрезентацијата на Естонија и со императив од две победи на стартот од ова натпреварување да го дочека дуелот со репрезентацијата на Косово во октомври годинава, кој треба да ни го трасира патот за претстојното Европско фудбалско првенство.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена