Поврзи се со нас

Култура

Успешен велигденски концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

Објавено

на

 

Во преполната сала на Центарот за култура „АСНОМ“ , градското културно аматерско уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ го одржа годинешниот велигденски концерт. Традиционално, чуварите на македонскиот фолклор и обичаи, по повод големиот христијански празник Велигден, се претставија пред домашната публика. Играорците, оркестарот и  солистите не се штедеа на сцената и со своите изведби ги стоплија срцата на љубителите на фолклорот и македонската народна песна.

Фолклорните групи изведоа традиционални ора и сплетови: Водарки, Тресеница, Повардарие, Беранче и други, додека пејачот Перо Пандиловски се претстави со неколку  македонски народни песни.

ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ е едно од најстарите културно-уметнички друштва во Македонија и е целосно посветено на негувањето на македонскиот фолклор и традиција. Опстојува 67 години и има остварено околу 700 концерти во земјава, гостувања во странство и учества на фестивали и манифестации.

По успешниот велигденски концерт во Гостивар, друштвото во понеделник (17 април) патува за Македонски Брод каде ќе настапи на свеченост исто така посветена на Велигден.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена