Вести
Успешна крводарителна акција на Црвен крст и трансфузиологија во Гостивар
По повод Светскиот ден на крводарителите, 17-ти март, во Гостивар се спроведува крводарителна акција. Акцијата на овој ден традиционално ја организираат гостиварскиот Црвен крст и службата за трансфузиологија во општата болница. Граѓани даруваат крв од наутро, а до крај на акцијата (14 часот) се очекува да се соберат дваесетина единици на крв.
Од трансфузиологија велат дека во секое време се добро снабдени со крв и крвни продукти, неопходни за лекување на пациенти. Во последните три години, не се случило да има недостиг од крв.
„Во текот на ланската година собравме 1.500 единици на крв. Може да се заклучи дека сите болни граѓани кои имаат потреба навреме ги снабдуваме и тоа не само во Гостивар, туку некогаш и на клиниките во Скопје“, изјави трансфузиологот, д-р Кадри Елези.
Со дарување крв може да се спаси човечки живот, потенцираат лекарите со апел секој што е здрав и што е во можност да стане крводарител.
Во Македонија, крводарителството е засновано на три принципи: доброволност, бесплатност и анонимност. На државно ниво има над 30 илјади активни крводарители.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград