Вести
Успешна крводарителна акција во Полициската станица во Гостивар
Во Полициската станица во Гостивар денес беше спроведена третата по ред крводарителна акција годинава. Полициските службеници и другите вработени во станицата, повторно ја покажаа својата хуманост и подготвеност да помогнат кога е потребно. Акцијата ја организираше Општинската организација на гостиварскиот Црвен Крст во соработка со Институтот за трансфузиологија.
„Чуварите на редот и мирот уште еднаш ја искажуваат својата хуманост и масовно даруваат од оваа драгоцена течност. Би сакал да упатам апел до сите граѓани, кои се здрави и во можност да даруваат крв, да станат дел од големото семејство на крводарители“, рече Горан Михајлоски од Црвениот Крст.
Во денешната акција во Полициската станица беа собрани 40-тина единици на крв, додека во претходните две вкупно 85.
Од почетокот на годинава, Црвениот Крст во Гостивар има организирано 14 крводарителни акции, кои резултирале со околу 900 собрани единици на крв.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар